ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
 
 
    
          
ТЕЛЕКОЛАБОРАТИВНИ ПРОЕКТИ

 
   
 

 

 
 
 
 
 
 
 
 

Телеколаборативни проекти - отварање нови можности и проширување на перспективите


 

Проблеми во наставата
 
Проектот „Проблеми во наставата“ е проект кој ќе се одвива до крајот на април/почетокот на мај 2007 година. Во него наставниците и учениците ќе говорат за проблемите со кои се соочуваат во наставата и како сметаат дека тие проблеми можат да се надминат. Дискусиите ќе се одвиваат на форумите на образовниот портал на Македонија
http://nastavnici.schools.edu.mk/e-school/mod/forum/discuss.php?d=1135 на македонски јазик. Исто така, дискусиите може да се одвиваат на албански јазик на форумите на образовниот портал на Македонија (www.schools.edu.mk).  
Во активностите на овој проект со свои наставници и ученици се вклучени сите основни и средни училишта кои се избрани во овој проект кои ќе комуницираат, ќе соработуваат, учат и творат во работни групи во самото училиште и преку е-маил листи, форуми, блогови.
 
Планирани активности во рамките на проектот 

1. Идентификација на проблемите (блог) во текот на ноември 2006
2. Избор на приоритетни проблеми (ноември 2006)
3. Изработка на веб страна на проектот ноември - мај
4. Формирање на училишни работни групи (тимови) кои ќе работат на секој од проблемите. На секој проблем од различно училиште ќе работи различна работна група (тим) во текот на декември 2006
5. Истражување на причини за постоење на проблемот (анкети, интервјуа и други форми и методи од воспитно-образовниот процес) – јануари и февруари 2007
6. Презентации на работите на работните групи – март 2007
7. Резимирање на дискусиите, оформување на резултатите – април 2007
8. Публикување на дискусиите и конечните резултати на веб страната на проектот – мај 2007

Очекувани резултати од овој проект се: училишни работни групи (тимови) кои ќе работат на овој проект, блогови, форумски дискусии на избраните приоритетни проблеми, презентации на постигнатите резултати на училишните работни групи (тимови), публикување на прилозите од учесниците во проектот и резимиња од дискусиите публикувани на веб страната на проектот, веб страна на проектот. Ќе се настојува да се подготви и аудио, видео и хартиени материјал/публикации со резултатите од овој проект.   

За активностите во врска со овој проект обраќајте се кај координаторот – Соња Столеска (sstoleska@hotmail.com)  

Работилница Велес, 7 и 8 октомври
 

 

Овозможено од великодушната поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), а во партнерство со Интерактивна Мрежа за Образование и Ресурси (ИМОР)